Miraculum logo        www.miraculum.pl


Miraculum е еден од најстарите полски козметички брендови, чии корени датираат од далечната 1924 година.

На 15 Јули 1924 год. во Краков, д-р Леон Лустер ја формира компанијата под името
„Д-р Лустер козметички производи - медицински Miraculum". Со долга традиција во создавање на рецепти и производство на козметика, користење на најнови сознанија од козметологијата и употреба на модерна технологија , компанијата обезбедува високо квалитетни формулации, ценети од страна на многу генерации  Полјаци.

 Miraculum
понудата  вклучува иновативни линии за лице и тело, приспособени за возраста и типот на кожата, како и уникатна парфимерија за мажи и жени.

Во далечната 1931 год. Miraculum ја добива првата престижна награда  златен медал за својот производ „ камена пудра“ на Меѓународната изложба во Париз.  Во 2000  добива  меѓународен сертификат за квалитет според ISO9001 стандардот.

Компанијата работи на пазарот за малопродажба. Производите се нудат преку традиционални канали на големо и преку модерни ланци на супермаркети. Главни извозни пазари се Русија, Украина, Белорусија, Литванија.

Мисија на Miraculum е грижата за  своите клиенти со безбедни производи од највисок квалитет.
Кога создава нов производ  Miraculum тесно соработува со  реномирани лаборатории и научни институции и специјалисти во биологијата, козметологијата и дерматологија.

 За безбедноста  на производите се гарантира врз основа на  дерматолошки тестирања и испитувања од страна на специјализирани и независни институции.