Pierre Rene Logo        www.pierrerene.pl       


    

PIERRE RENE основана во 1992 год. повеќе од 17 години им помага на жените да ја нагласат  својата природна убавина со широк спектар на мејк ап производи.

 

Компанијата работи со дваесет најголеми производители на суровини и амбалажа во Германија, Франција и Италија.Сертифицирана е со ISO стандард 9001:2008 и  227 716 како гаранција за квалитет на своите производи и стерилност на производствениот процес.

 

Понудата на PIERRE RENE е поделена на :

  1. Сребрена линија, наменета за елегантни и модерни жени кои сакаат класични бои;
  2. Органска линија, производи што содржат чисти растителни екстракти, етерични масла, др. состојки од органско потекло, масло од јојоба, бадемово масло, масло од кокос , витамини и др.
  3. Медик производи, кои се продаваат во аптеките и се препорачуваат за лица кои користат очила и контактни леќи.

PIERRE RENE  ја комбинира грижата  за убавина  со негата и здравјето  на женската кожа.Компанијата произведе хипоалергена  декоративна козметика препорачлива за осетлива и кожа склона кон акни.

PIERRE RENE органска козметика е најдобра опција  да си помогнете во  лекување на кожата,  а сепак да изгледате добро.

Сите производи се во согласност со ISO стандардите, спакувани  во естетско, функционално  и  елегантно пакување.
PIERRE RENE постојано развива нови и подобри  рецепти, со стремеж да создаде квалитетна, безбедна козметика и со разумни цени.