Ziaja logo       www.ziaja.com


Ziaja е компанија за производство на висококвалитетни фармацевтски производи и козметика, онована во 1989 год. од фармацевтите Александра и Зенон Зиаја, со 100% полски основачки капитал со седиште во Гдањск, Полска.

Ziaja вработува 500 специјалисти од најразлични области како што се фармацевти, био-технолози, хемичари, микробиолози, некои од нив истражувачи како и менаџери кои ја контролираат работата на фирмата. Во моментов компанијата нуди повеќе од 800 различни производи за нега на кожата.

Мисија на Ziaja е грижа за здравјето и доброто на своите клиенти. Највисок интерес на Ziaja е да изгради партнерски и траен однос со своите потрошувачи со понуда на модерни, квалитетни производи по конкурентни цени за жени, мажи и деца од сите возрасти.

Производствените погони на Ziaja се сместени во две модерни фабрики со површина од преку 13 000 м2, во зелената еколошка зона Кашуби во областа Помераниа. Целиот простор е поделен во зони во кои се применуваат највисоки хигиено-технички мерки, со сопствени системи за хигиена и влезот во зоните се одвива строго низ т.н. водени брани. Халите, опремата и работниците се под редовен микробиолошки мониторинг. Мониторингот исто така вклучува надзор и следење на животната средина, водата и воздухот во погоните.

Ziaja располага со модерна истражувачка база поставена во три лаборатории (истражувачко-развојна, физичко-хемиска и микробиолошка лабораторија) и оддел за квалитет, поседува модерна контролна, мерна опрема и тоа: инструменти за високоефективна течна хромографија (HPLC), гасна хроматографија (GC), спектрофотометар, вискозиметар за тестирање на вискозноста и контрола на готовиот производ, апарат за микробиолошко испитување на воздухот (MAC) кој е одговорен за спроведување на стрес-тестови на козметичките производи и ефективноста на козервансите. Додатокот на конзерванси во производите е минимизиран за да се намали ризикот од алергии согласно правилото „колку што е неопходно, а што е можно помалку“.

Ziaja гарантира квалитет согласно меѓународни стандарди ISO 9001:2000, а на фармацевтските производи согласно GPM стандардите (Good Manufacturing Practice For Medicinal Products). Производите се пакуваат согласно внатрешен систем за контрола на квалитет, во определени количини и соодветно означени. Компанијата е член на POLFARMED, на Комората за лекови и фармацевтска индустрија, на Унијата на приватни работодавачи во козметичка индустрија и на полската Конфедерација на приватни работодавачи.

Ziaja e технолошки напредна компанија, свесна за еколошката компонента. Компанијата активно учествува во националниот систем на процесот на рециклирање на празна амбалажа и секој производ го носи симболот "Green point".
Ziaja не врши тестирање на животни.

Ziaja е модерна и безбедна козметиката комбинирана од високо ценети традиционални компоненти, билни екстракти и витамини со модерната технологија. Производите ја имаат природната pH вредност. Формулите на секој поединечен производ се темелат на фармацевтска анлаиза на тим на фармацевти, хемичари, истражувачи и стручни профили од други области.

Како се создава нов производ во Ziaja.
Барање за нов производ го поставува соодветна комисија. Нејзина задача е дa избере соодветни видови состојки и да ги искомбинира во соодветни пропорции. Ако компонентите се правилно поврзани а производот има изглед, мирис и текстура што се посакува, почнува серија тестови на долгорочна стабилност и трајност на производот. Тие се состојат меѓу другото во чување на примероци на собна температура во период од 3-6 месеци. Исто така се вршат тестови на забрзано стареење, поедини примероци се чуваат по неколку месеци на +40°C, потоа тестови на замрзнување и одмрзнување, примерокот се одржува наизменично на температури од -18 ° C, на собна температура, потоа до + 40°C итн. Сите тестови се одвиваат во микробиолошка лабораторија. Следуваат стрес-тестови, кои се состојат од инфицирање на козметиката со разни видови бактерии на кои можат да бидат изложени за време на нивната употреба. Контролата со овие тестови утврдува дали конзервансите ќе го забават растот на микроорганизми. Тестови „ин виво“ на луѓето, се применува во специјализирани компании. Производот кој ќе ги помине успешно сите тестови, ќе биде одобрен за продажба.


Во изминатите 22 год. Ziaja оствари позиција на една од водечките козметички компании на полскиот пазар, со асортиман од преку 800 производи за нега на кожата (во Македонија моментално на располагање се околу 250 производи), вкупна месечна продажба на повеќе од 3 милиони производи и обрт од 55 милиони евра. Распостранета е и се продава во повеќе од 30 држави на сите континенти и ја користат милиони луѓе секој ден. Ziaja е синоним за висок квалитет и атрактивни цени. Компанијата постојано го шири својот асортиман и лансира нови производи за нега на кожата. Производите се дистрибуираат низ сите дистрибутивни канали: дрогерии, аптеки, трговски центри, ланци на продавници, трговци на големо итн. Сите производи на Ziaja пред да бидат пуштени на пазарот минуваат низ алерголошки и клинички тестови на Клиниката за дерматологија на Медицинската академија во Гдањск и други академски институции. Детските производи дополнително се тестираат на институтот "Monument-Children's Health Centre" во Варшава.

Производите се тестираат и сертифицираaт од независнaта и престижна лабораторија Sederma во Франција, а на крајот од полскиот Национален одбор за хигиена и Институтот за лекови.

Производите на Ziaja се одликувани со бројни награди и признанија.

Фабриката на Ziaja:

Продажните места на Ziaja низ светот: