Мисија
На пазарот во Македонија да понудиме безбедни козметички производи за нега и убавина од брендирани и сертифицирани имиња во
козметичката индустрија и со пристапни цени, како и оригинален и сертифициран накит од балтички килибар.
Визија
Подобрување на квалитетот на животот, овозможување на луѓето да се чувствуваат подобро и негата на телото да не биде привилегија
на одредена категорија население туку навика на секоја современа жена.
Мото
Вашата убавина започнува тука.
BEAUTY SHOP е приватна компанија формирана во 2006 год. со цел на македонскиот пазар да понуди нова модерна палета на
производи за едноставен и ефикасен режим за нега на кожата, конкретно да го понуди најдоброто од козметичката индустрија
на Полска.
Зошто се одлучивме за полските брендови?
Современата жена за чистење и нега на кожата и мејк ап, секој ден ден употребува во просек 12 различни козметички производи.
Секој од нив содржи во просек 20 состојки што значи дека на кожата секој ден нанесуваме околу 240 различни состојки.
Во такви услови останува да веруваме во знаењето и стручноста на козметичките хемичари дека ќе состават производ кој нема да
предизвика алергија или друг вид реакција на кожата.
Веројатно секој од нас купил некој скап производ кој не ги исполнил очекувањата и некој поефтин кој ги надминал истите.
Накратко, иако би требало да биде за жал цената веќе не е мерило за квалитет. Повеќето од нас имале искуство со одреден „чудесен“
производ кој не донел ништо освен празен паричник. Денес повеќето истражувања кои потврдуваат дека одреден производ има
конкретен ефект, потекнуваат од производителот на истиот производ а не од некои независни институти.
Ова беа нашите појдовни точки за да ги препознаеме и да одлучиме на нашиот пазар да ги понудиме лидерите во козметичката
индустрија во Полска: Ziаja, Miraculum и Pierre Rene.
Накитот како неизбежен дел од стилот на секој жена, беше причина да го одбереме и откако ги исполнивме критериумите, на пазарот
во Македонија да го донесеме лидерот на полскиот килибарен пазар и најголем светски производител на килибарен накит
S&A Bursztynowa Bizuteria. Накитот на S&A изворедно го комбинира оригиналниот балтички килибар со 18 каратно злато и
сребро со чистота од 925.
Се стремиме да ги задоволиме нашите клиенти фокусирајќи се на нивните барања и желби, понудувајќи беспрекорен сервис со
препознатлива човечка нота во комуникацијата и професионалност. Голем број купувачи кои се одлучија да го користат нашиот
асортиман на производи се потврда за квалитетот кој го нудиме. Сите производи кои ги имаме во нашата понуда кореспондираат со
најновите стандарди за квалитет и се во согласност со сите релевантни регулативи и кодекси. Производите доаѓаат во оригинални
пакувања, со комплетна документација со што го гарантираме нивниот квалитет и ги запазуваме соодветните стандарди
(GMP нормативите, ISO стандардите и др.) се со цел крајно задоволство на нашите купувачи.
Производите се лесно достапни во било кој дел од Република Македониjа преку мрежа на повеќе од 5000 дистрибутери,
во нашата продавница во Скопје, Бул. Кузман Јосифовски – Питу бр.17 лок.38, ТЦ Скопјанка-Аеродром и поедини производи, во сите
COSMO дрогерии на нашиот продажен партнер Tinex.