Дејли Маил пишува за уникатен килибарен ѓердан кој содржи 40 милиони години историја во него, пронајден од рудникот Ла Тока во Доминиканската Република.
На прв поглед, овој ѓердан е многу сличен на било кој друг ѓердан со монистра, надополнет со ред на скапоцени камења. Но, доколку погледнеме повнимателно, овој редок килибарен ѓердан е како временска капсула на природата, бидејќи секое топче е дом на некоја древен инсект. Ѓерданот е направен од скапоцени камења од пред 40 милиони години, а внатре има цела колекција од комарци, мравки и пајаци.
Слика бр. 1 Ѓердан стар 40 милиони години кој во себе содржи колекција на инсекти и муви кои датират од иста доба
Овој редок ѓердан доаѓа од аукција на Lawrences Fine Art Auctioneers во Крукерн, Сомерсет ,достигнал вредност до 10.000 фунти.
Слика бр. 2 Едноставен ѓердан изработен од килибар кој во себе содржи цела колекција на инсекти
Килибарниот ѓердан се состои од 40 килибарни топчиња во кој има разни древни инсекти кои останале фосилизирани во смолата нанижени едно до друго заедно прават едно уникатно парче накит.
Пајаци, мравки, бубачки, пчели и летачки мравки се само некои од инсектите што можат да се видат заробени во килибарот, што потекнува од рудникот Ла Тоца во Доминиканската Република.
Слика бр.3 Ѓерданот од килибар се состои од 40 килибарни парченца кои се дом на многу исекти како на фотографија комарец (десно) и мува (лево)
Слика бр. 4 Ѓердан кој претставува дом на древни мравки (лево) и пајаци (десно)
Слика бр. 5 Ѓерданот доаѓа со лист на кој е точно објаснето што се е содржано во секое парче килибар