Статии и Совети

Разлика помеѓу балтичкиот и други видови килибар

Додадена на: 16.02.2018

Балтички килибар

Балтичкиот регион (земјите околу Балтичкото Море - југоисточно од Скандинавија) ​​е познат по своите големи депозити на килибар. Балтичкиот килибар, исто така е познат како злато од северот или сукцинат (поради содржина на сукцинска киселина). Тој постои благодарение на големите шуми кои создавале стотици илјади тони смола низ вековите. Денес поголем дел од балтичкиот килибар доаѓаа од Русија и Полска. Вклучувајќи ја и богатата фосилна фауна, спектарот на бои на балтичкиот килибар обично се движи од жолта до портокалова па дури и бела боја, во зависност од тоа колку е стар како и од областа каде што е пронајден. Исто така постои црвен, зелен и син килибар, меѓутоа овие бои се многу ретки. Балтичкиот килибар е карактеристичен по тоа што во него може да се забележат семиња, инсекти, гранчиња, парчиња растенија, гасови или вода меурчиња стари милиони години. 

Балтичкиот килибар е стар повеќе од 44 милиони години, негова посебна карактеристика е високата содржина на сукцинска киселина, околу 8%. Затоа Балтичкиот килибар се нарекува и Сукцинит, додека сите останати "смоли", но и помладите се нарекуваат ретинити. Во оваа киселина првенствено е препознатлива аромата на килибарот кога се загрева како и соодветната тврдост на балтичкиот килибар во споредба со помладите копали, кои се меки кога се собираат. Значи ова е факторот кој придонесува балтичкиот килибар да се рангира во највисоката категорија (АА).

Мексиканскиот килибар

Мексиканскиот килибар, исто така познат како пауч на дијалектот на Maya Tzotzil, се ископува на југот на Мексико, во државата Чиапас. Формиран од смолата на изумрено тропско дрво, мексиканскиот килибар е еден од најквалитетните килибари во светот. За разлика од повеќето килибари, мексиканскиот килибар е познат по својата длабоко црвена до коњак боја. Исто така, може да се најде и во други бои, како што се бела, медова, сина, виолетова, а понекогаш и зелена. Тежок е за откопување, па затоа се проценува дека само околу 300 килограми од мексиканскот килибар се екстрахира секој месец, според Музејот за килибар во Сан Кристобал.

Чијапанскиот килибар често може да содржи фосилизирани инсекти, школки, нечистотија кои го прават каменот уникатен и автентичен. Античките Маи го величеле килибарот и го нуделе како почит кон Ацтеките, меѓутоа овој полу-скапоцен камен се верува дека е стар 23 милиони години и повеќе. Фактот дека мексиканскиот килибар е потежок од повеќето другите килибари го прави помалку кревок и совршен за резба, па оттаму тој е совршен за рачно изработени уникатни парчиња.

Доминикански килибар

Од друга страна пак, килибарот во Св. Доминик (Доминиканска Република) е многу помек, со старост од неколку стотини години до 25 милиони години (во многу мали количини), со многу помала содржина на сукцинска киселина. Според истражувањето на научниците Џорџ Поинар и Роберт Поинар во нивната книга Килибарните шуми: Реконструкција на исчезнат свет, 1999, Доминиканскиот килибар  датира меѓу олигоценот и миоценот, кој опфаќа период и до пред 25 милиони години.

Друга разлика помеѓу двата вида на килибар (доминикански и балтички) лежи во бојата. Килибарот од Св. Доминик од смола на изумрени видови дрвја - Hymenaea protera (тропски видови) се наоѓа во претежно познатите сини и црвени бои во мали количини. Постојат и жолти бои, но обично се помлади. Балтичкиот килибар доаѓа од семејството на зимзелени смоли. Sciadopityaceae е скоро секогаш транспарентен и се состои од поголем број на фосилни подмножества.

Бидејќи има многу малку потрошувачи кои можат да го разликуват вистинскиот килибар, повеќето купувачи често се среќаваат со трговци кои продаваат копал од Св. Доминик, Мадагаскар, Колумбија и Сомалија како "млад" килибар!

Индонезиски килибар

Фосилизираната смола може да се најде и на многу локации во Индонезија. Килибарот обично се поврзува со локациите каде се вади руда од јаглен и лигнит. Понекогаш фосилната смола се добива од минирање на лигнит-глауконитни глинени почви. Фосилните смоли во Индонезија се од ран миоценски период, на пр. 23 Ма, а некои се помлади, зависно од возраста на лигнитот. Син килибар нема само во Доминиканската република туку го има и на неколку локации во Индонезија. Го произведуваат на пример во: Западна Папуа, Сулавеси, Западен Калимантан, Лампунг (Јужна Суматра) и Западна Јава.