Статии и Совети
Пронајдена првата опашка од диносаурус зачувана во килибар
Додадена на: 13.12.2016

На задоволство на научниците, овој неверојатен пронајдок од пред 99 милиони години е прекриен со пердуви.

 

Опашката од 99 милиони стар диносаурус, заедно со коските, мекото ткиво, дури и пердувите, се пронајдени зачувани во килибар, според извештајот објавен на 8 декември во дневникот Current Biology.

 

Додека поединечни пердуви од ерата на диносаурусите се пронајдени, и докази за пердувести диносауруси се зачувани во фосилни отпечатоци, ова е прв пат како научниците се во можност јасно да ги поврзат добро сочуваните пердуви со диносаурус, и со тоа подобро да ја разберат еволуцијата и структурата на пердувите од диносаурус.

 

Сегмент од пердувестата опашка од диносаурус кој живеел пред 99 милиони години зачувана во килибар. Мравка од периодот Креда и растенија се исто така заробени во смолата.

ФОТОГРАФИЈА ОД R.C. MCKELLAR, КРАЛСКИОТ САСКАЧЕВАН МУЗЕЈ

 

Опашка која раскажува

 

Скоро провидниот килибарен примерок од средината на периодот Креда, со груба големина на сува кајсија, го има заробено еден од најраните моменти на разликата помеѓу пердувите од птици кои летаат и пердувите од диносаурус.

 

Во внатрешноста на грутката е додаток со големина од околу 3,5 цм покриен со деликатни пердуви, опишан како кафен костен со бледа или бела страница.

 

Микро-ЦТ скенот ги открива деликатните пердуви кои ја покриваат опашката од диносаурусот.

ФОТОГРАФИЈА ОД LIDA XING

 

ЦТ скенот и микроскопските анализи од примерокот откриваат осум пршлени од средината или од крајот на долга, тенка опашка која првично можеби била составена од повеќе од 25 пршлени.

 

Скен од долната страна од опашката покажувајќи го распоредот на пердувите.

ФОТОГРАФИЈА ОД LIDA XING

 

Врз основа на структурата на опашката, истражувачите веруваат дека припаѓа на млад Целуросаур кој припаѓа на групата диносауруси Тероподи која опфаќа сè од Тираносауруси до модердните птици.

 

Пердувест, но дали може да лета?

 

Присуството на артикулирани пршлени во опашката во примерокот овозможува истражувачите да ја исклучат можноста за тоа дека пердувите припаѓаат на праисториски птици. Модерните птици и нивните најблиски предци од периодот Креда имаат сплотена опашка со пршлени која се нарекува пигостил и овозможува пердувите на опашката да се движат како засебна единица.

 

„Пигостил – е она нешто што сте го виделе доколку сте приготвувале мисирка или кокошка.“, вели коавторот на студијата Ryan McKellar, куратор на палеонтологија на без`рбетници во Кралскиот Саскачеван Музеј во Канада.

 

Структурата на пердувите на диносаурусот е отворена, флексибилна и слична на модерните декоративни птици.

ФОТОГРАФИЈА ОД КРАЛСКИОТ САСКАЧЕВАН МУЗЕЈ

 

Пердувите од диносаурусот имаат лошо дефинирана централна оска и се чини дека се превртувале од едната на другата страна од опашката. Отворената, флексибилна структура на пердувите е многу послична на модерните декоративни пердуви одколку на пердувите за летање, кои имаат добро дефинирани оски, гранки, под-гранки, и куки кои ја заклучуваат структурата зедно.

 

Во еден извештај од јуни оваа година од истиот истражувачки тим, откриле крила од птица од периодот Креда сочувани во килибар со пердуви неверојатно слични на пердувите за летање од модерните птици.

 

Моменталната студија покажува дека ако целата должина на опашката од диносаурусот била покриена како прикажаниот тип на пердуви во пронајдениот примерок, диносаурусот „веројатно не би бил во можност да лета“. Наместо тоа, ваквиот тип на пердуви можеби имале сигнализирачка функција или играле улога во регулирање на температурата, вели McKellar.

 

Слабо развиените пердуви од опашката исто така укажуваат дека сопственикот на опашката од периодот Креда паѓа некаде долу на еволуционото дрво од теропод диносаурусите, „можеби основен (примитивен) манирапторан диносаурус“, сугерира Xing, осврнувајќи се на подгрупата од цолуросаури кои вклучуваат овирапторосаури и теризиносаури.

 

Судени за накит, но со голема надеж

 

Килибарниот примерок – формално крстен DIP-V-15103 и нагалено именуван „Ева“ во чест на палеоботаничарот Eva Koppelhus, жена на ко-авторот Philip Currie – доаѓа од рудник од долината Хукавнг во државата Качин, северен Мјанмар. Килибарот од овој регион најверојатно нуди најголем број различен животински и растителен свет од периодот Креда во светот.

 

Беше еден од повеќе десетина примероци на килибар со значителни инклузии кои беа собрани од Xing и неговиот истражувачки тим во 2015 година на добро познат пазар во Мичина, главниот град во Качин. Два од другите примероци ги содржеа крилата од птица од ерата на диносаурусите кои беа објавени ова лето.

 

Поголемиот дел од Бурманскиот килибар е користен за накит и резби, и примерокот „Ева“ веќе бил предмет на обликување додека не бил превземен од истражувачите.

 

Килибарниот примерок, од рудникот во Мјанмар, веќе бил  делумно обликуван во облик на овал од страна на изработувач на килибар.

ФОТОГРАФИЈА ОД R.C. MCKELLAR, КРАЛСКИОТ САСКАЧЕВАН МУЗЕЈ

 

Модификацијата сепак има надеж: Нудеше „убав пресек“ преку опашката која овозможи научниците да ја проучат хемијата на изложената површина, забележа McKellar.

 

Таа студија открила присуство на обоено железо, производ од распаѓањето на крвниот хемоглобин кој бил некогаш присутен во мекото ткиво на диносаурусот.

 

„Фактот дека (железото) е сè уште присутно ни дава многу надеж за идни анализи, за надгледување на други хемиски информации за нешта како пигментација па дури и за идентификација на делови од оригиналниот кератин“, вели McKellar. „Можеби не за овој конкретен примерок, но за други (примероци) во иднина.“

 

Во меѓувреме, Xing верува дека „се ближи крајот“ на децениски стариот конфликт помеѓу владата на Мјанмар и независната армија на Качин, која ја контролира долината Хукавнг, кој ќе доведе до зголемување на научен пристап до рудниците на килибар и за возврат до зголемување на спектакуларни откритија.

 

„Можеби ќе пронајдеме целосен диносаурус“, тој шпекулира, доста самоуверено.