DENOVA pro е посебна линија производи за лице и тело со извонредни карактеристики, за професионална нега во козметички салони и во домашни услови. DENOVA pro e резултат на 20 годишна работа на стручниот тим на ZIAJA во производство на препарати за нега на кожата, фармацевтското знаење и искуство на нејзините сопственици, денес крунисано со довербата на преку 650 козметички салони во Германија и Финска.

DENOVA pro е признaена професионална козметика и со извонредно атрактивни цени, многу брзо стекна популарност во земјите на Централна Европа.
DENOVA pro е широка палета на производи, произведени по најнови технологии, од одбрани активни состојки од растително или биотехнолошко потекло, комбинирани според софистицирани и квалитетни формулации и во согласност со искуствени фармацевтски експертизи.
Професионалната козметика DENOVA pro со палета од преку 100 производи (крем, тоник, пилинг, маска, серум итн), обезбедува професионална нега за сите типови на кожа, на телото и нозете во 12 поединечни третмани и тоа:

  • Третман на кожа со проширени капилари
  • Третман на сува и нормална кожа
  • Третман на мрсна и комбинирана кожа
  • Третман на акнеична кожа
  • Ревитализирачки третман
  • Третман против стареење и брчки на кожа
  • Третман на тело
  • Третман за нега на нежната кожа околу очите
  • Третман за нега на стапала, козметички педикир
  • Третман за интензивна нега на кожа
  • Третман со алги и
  • Комплементарен третман на лице

Третман на кожа со проширени капилари
Третманот е наменет за чувствителна кожа со проширени капилари, често со црвенило. Ефикасно ги стеснува и омекнува капиларните ѕидови. Видливо намалува симптоми на телеангиектазија (ограничено проширување на капиларите), интензивно хидрира и го регенерира епидермисот. Дејство: зајакнати капиларна ѕидови, подобрена капиларна еластичност и намалена склоност да се прошират, смирени иритации, посмирена и малку посветла кожа.

Третман на сува и нормална кожа
Третманот е наменет за темелно чистење на кожата, интензивно го навлажнува епидермисот и смирува иритации. Дејство: длабоко хидрира и ја измазнува кожата, намалува кожна раздразливост, ја враќа виталноста и здравиот изглед на кожата.

Третман на мрсна и комбинирана кожа
Третманот е дизајниран за мрсна/комбинирана кожа со проширени пори и тенденција кожата да "свети". Темелно ја чисти кожата, ги одзатнува и собира порите и регулира секреција на лојните жлезди. Дејство: помалку мрсна кожа со видливо намалени пори, активна хидратација и мазна кожа.

Третман на акнеична кожа
Третманот е наменет за акнеична кожа склона со тенденција да се формира акни, проширени пори и митисери (црни точки). Темелно ја чисти кожата, ги одзатнува и собира порите. Дејство: видливо ги ублажува проблимети со акни, помалку мрсна кожа и со видливо намалени пори.

Третман за ревитализација
Третманот е дизајниран за нега на уморна, нееластична, кожа која е погруба од вообичаено, претерано сува кожа, збрчкана, односно кожа која видливо има потреба од регенерација. Целта на овој третман е регенерација и оксигенизација, видно намалување на брчките. Интензивно го хидрира епидермисот и подлабоките слоеви на кожата, ефикасно ја подобрува цврстината на кожата и тонот на епидермисот.

Третман против стареење на кожа и брчки
Третманот нуди посебна нега за зрела кожа со видливи брчки, претерано дехидрирана, нееластична ,груба, кожа без сјај. Помага да се забават процесите на старење на кожата и со оксигенизација на кожните клетки јасно ги измазнува брчките, ја зајакнува кожата, интензивно го хидрира епидермисот и подлабоките слоеви, ги осветлува старечките флеки и го подобрува тонот на кожата.

Третман на тело
Овој третман е создаден за кожа со прекумерно масно ткиво и целулит симптоми. Специјализирани производи интензивно ја измазнуваат, изедначуваат кожата, ги подобруваат и обликуваат градните контури, намалуваат стрии и "кора од портокал" ефектот.Оваа серија препарати ја намалуваат кожната грубост, а ја зајакнуваат структурата на епидермисот.
Третманот го стимулира метаболизмот на мастите, го отстранува „кора од портокал “ изгледот и видно ја измазнува кожата, ја подобрува цврстината на градите и превенира опуштање на кожата. Радикално го зајакнува врзивното ткиво и видливо намалува стрии.
Производите содржат особено хранливи активни состојки кои ја измазнуваат кожата, целосно ја опуштаат, освежуваат и делуваат на општиот изглед.
Придобивките на овој третман се состојат во намалување на вишокот на масно ткиво и подобрување на контурите на телото, очигледно намалување на целулитот и зајакната структура на кожата, поеластична и поотпорна кожа на градите и подобар изглед на градите. Со овој третман поттикната синтеза на колаген влакната, обезбедува мазна и нежна кожа и со помалку стрии. Овој тетман обезбедува комплетна релаксација на целото тело, остава долготрајно чувство на опуштеност и мир.

Третман за нега на нежна кожа околу очите
Производите за чистење и нега на нежната кожа околу очите видливо ја подобруваат состојбата на епидермисот и интензивно ја зајакнуваат кожата. Тие негуваат, ги измазнуваат брчките и ја осветлуваат кожата.

Третман за нега на стапала
Овој третман за грижа на стапала овозможува подобрување на изгледот и состојбата на нозете во целина. Севкупно подобрување во изглед и состојба на нозете се постигнува со превенирање на одредени кожни промени, отстранување на недостатоци, намалување на можност да се развијат несакани промени кои можата да предизвикаат промена и нарушување на изгледот на нозете.

Третман за интензивна нега на кожа на лице
Производи за интензивна нега на лице од овој третман имаат повеќе цели на дејствување: смирувачки, енергетски, оксигенски, ревитализирачки, нормализирачки, лифтинг, осветлувачки, ексфолијација- пилинг и дисколорација на кожата.
Третманите за интензивна нега ја зајакнуваат кожата и така делуваат дополнително на активноста на останатите производи за професионална нега на кожата.

Третман со алги
Овој третман на DENOVA pro e серија на маски кои ja користат повеќекратната функција на алгите во козметиката. Нивните рецепти се тесно прилагодени на потребите на одреден третман врз основа на познати и ценети состојки на секој поединечен вид алга. Понудата содржи 3 групи:

Маски од алга ламинарија:
Зацврстувачка маска - Ги зајакнува колаген и еластин влакната и го стимулира процесот на регенерација на кожата. Долготрајно го хидрира епидермисот, активно храни, регенерира и интензивно ги мазни брчките. Особено се применува во третманот против стареење на кожа, брчки и третманот за ревитализација. Активни состојки: алга ламинарија и гроздов екстракт. 450 мл.
Навлажнувачка маска – Ја асимилира водата во кожата и спречува губиток. Долготрајно го хидрира епидермисот и подлабоките кожни слоеви. Наменета е за сува и нормална кожа. Активниа состојки: алга ламинарија и алое екстракт. 450 мл.
Смирувачки маска - Активно и интензивно ја ревитализира кожата, ги оксигенизира кожните клетки, ја смирува и релаксира кожата, има пријатна дискретна арома, наменета е за сите типови кожа. Активни состојки: алга ламинарија, екстракт од рузмарин, див костен и бета-каротин. 450 мл.
Пилинг- ексфолијациска маска – Нежно, но темелно ги лупи и отстранува мртвите епидермални клетки. Ефикасно хидрира и совршено ја измазнува кожата, наменета е за сите типови на кожа. Активни состојки: алга ламинарија, екстракт од ананас и од папаја. 450 мл.
Дополнителни информации: Производите се 100% природни, со природна pH вредност и капацитет од 450 мл. = 6 третмани.

Маска - гел од алга спирулина:
Антибактериска гел-маска – Ја регулира функцијата на жлездите и го апсорбира вишокот на себум, намалува акни и comedo* лезии, интензивно ја хидрира кожата, наменета е за акнеична, мрсна и комбинирана кожа. Активни состојки: цинк, провитамин Б5 (Д-пантенол), протеини и алантоин.
Хидратантна гел – маска - Интензивно и долготрајно го навлажнува епидермисот и подлабоките кожни слоеви, ефикасно спречува прекумерна загуба на вода, смирува иритации и ја намалуваат склоности кон нив, наменета е за сува и нормална кожа и кожа со проширени капилари. Активни состојки: провитамин Б5 (Д-пантенол), високо-молекуларна хилајуронска киселина и алантоин.
Гел – маска за ревитализација – Ја подобрува кожната затегнатост, стимулира епидермална обнова, зајакнува колаген и еластин влакна, ги враќа структурните протеини на кожата, ги измазнува брчките и ја подобрува еластичноста на кожата, наменета за ревитализација и третман против стареење на кожата и брчки. Активни состојки: провитамин Б5 (Д-пантенол), олигопептиди и алантоин.
*Comedo - е нарушување на лојните жлезди, се карактеризира со жолтеникави или темни точки или повисоки израстоци кои завршуваат со отвори.

Маски од глина - најнова понуда (повеќе)
Комплементарен третман - Комплементарните производи за лице обезбедуваат смирување, енергетизација, оксигенизација, ревитализација, нормализирање, лифтинг, осветлување на кожата, поедини креми нежно дури го менуваат и тонот на кожата. Комплементарните производи за лице ја подобруваат активноста и ефикасноста на останатите производи за професионална нега на кожата.
DENOVA pro има и други специјализирани производи што ќе им помогнат на салоните за убавина да го прилагодат својот третман на потребите на секој клиент.
Безбедноста на производите ја гарантираат дерматолошки и алергиски тестови спроведени од страна на Медицинската академија во Гдањск и други признати научни институции во Полска и во странство. Формулите не се тестирани на животни и ја имаат природната pH вредност.

Производите се наменети за продажба во салони за убавина, како и за домашен третман.
Широка палета на асортиманот овозможува соработка со:

  • Салони за убавина специјализирани за третмани на кожа на лице и тело
  • Салони за убавина специјализирани за грижа на стапала
  • Салони за масажа
  • Физиотерапевтски салони и
  • SPA салони.


Производи кои ги има во продавницата на Beauty Shop:

1. Лифтинг крем за околу очи
Ја подобрува еластичноста на кожата и го затега епидермисот. Подржува обнова на клетките и ја зајакнува кожата околу очите. Намалува длабочина на брчки. Се нанесува и нежно се масира досдека да се впие. Активни состојки: витамин Е, оризови протеини, ретинол, провитамин Б5 (d-panthenol), фитохормони од екстракт на црвена детелина ,коензим Q 10.
15 мл.
ш. 002888
160 ден.

2. Крем за околу очи
Ефикасно ја негува и ја хидрира кожата. Зголемува еластичноста на кожата и го ревитализира епидермисот. Видливо ги измазнува ситните брчки. Се нанесува и нежно се масира додека да се впие. Активни состојки: витамин Е, витамин А, провитамин Б5 (d-panthenol), комплекс на млечни протеини.
15 мл.
ш. 002895
160 ден.

3. Гел за околу очи
Ја освежува кожата околу очите и остава пријатно чувство. Намалува отоци и други знаци на замор на окото. Има смирувачко, анти воспалително дејство, ја намалува склоноста на иритација на кожата околу очите, ефикасно хидрира и дава чувство на свежина. Се нанесува и нежно се масира додека да се впие. Активни состојки: провитамин Б5 (d-panthenol) и екстракт за осветлување.
15 мл.
ш. 002901
160 ден.

4. Anti-aging ноќен крем против стареење на кожата
Го следи нивото на оштетеност на клетките и ја обновува структурата на епидермисот. Ја поттикнува синтезата на колаген и ги зацврстува колагенските влакна. Ги намалува длабоките и површински брчки. Се нанесува и нежно се масира додека да се впие. Активни состојки: олигопебтиди (микто-колаген), провитамин Б5 (d-panthenol), урсолична киселина и витамин Е.
50 мл.
ш. 015512
430 ден.

5. Anti-aging тоник против стареење на кожа
Нежно ја чисти кожата и ја зајакнува нејзината заштитната бариера. Го омекнува, тонира и зајакнува епидермисот. Измазнува брчки и интензивно ја навлажнува кожата. Се нанесува и нежно се масира додека да се впие. Активни состојки: олигопебтиди (микро-колаген ), провитамин Б5 (d-panthenol), урсолична киселина и витамин Е.
200 мл.
ш. 015499
259 ден.

6. Анти-бактериски гел против акни
Го отстранува вишокот на себум, а притоа ја зачувува природната заштитна обвивка на кожата. Длабоко ја чисти кожата и порите, го спречува бактерискиот раст. Нанесете од гелот на лицето, исчистете го и потоа измијте го со млака вода. Содржи: екстракт од жалфија, соединение на oleanolic и nordihydroguaiaretetic киселина и провитамин Б5 (d-panthenol).
200 мл.
ш. 015383
300 ден.

7. Анти-бактериски крем против акни
Го намалува бактерискиот раст и спречува формирање на комедо лезии (митисери). Ја нормализира работата на лојните жлезди и го контролира нивното прекумерно лачење. Нанесете од кремот на лицето и нежно масирајте додека да се впие.Содржи: витамин Ц, салицилна киселина, нори алги, провитамин Б5 (d-panthenol) и соединение на oleanolic и nordihydroguaiaretetic киселина.
60 мл.
ш. 015406
409 ден.

8. Енергетски и ревитализирачки серум
Го носи кислородот до кожните клетки и интензивно ги оксидира, длабоко ја хидрира, освежува и негува кожата. Активни состојки: витамин Ц, провитамин Б5 (d-panthenol) и екстракт од алга laminarija digitata.
15мл.
ш. 015611
202 ден.

9. Благотворен смирувачки серум
Видливо ги смирува иритациите на кожата и спречува повторно да се појават.Ги зајакнува одбранбените механизми на кожата, активно го хидрира и регенерира нејзиниот епидермален слој. Активни состојки: провитамин Б5 (d-panthenol), екстракт од линден дрво, сладок корен, див костен, алое, чемпрес и алантоин.
15 мл.
ш. 015604
202 ден.

10. Нормализирачки серум
Ја регулира себум секрецијата и видливо ја намалува активноста на лојните жлезди. Помага да се намалат формациите на митисери, лезии на акни на кожата и активно го хидрира епидермисот. Активни состојки: цинк, витамин Е, провитамин Б5 (d-panthenol), комплекс на растителни протеини и екстракт од сладок корен.
15 мл.
ш. 016628
202ден.

11. Регенеративен серум
Серумот го активира производството на еластин и колаген, стимулира епидермално подмладување, видно ja намалува длабочина на брчките и ефикасно ја измазнува и зајакнува кожата. Активни состојки: витамин Е, урсолична киселина, оризови протеини, провитамин Б5 (d-panthenol) и ологопептиди (микро-колаген).
15 мл.
ш. 015634
202 ден.