Боја по која е препознатлив килибарот, најчестата боја на килибарот

Статии и Совети
Боја по која е препознатлив килибарот, најчестата боја на килибарот
Додадена на: 15.02.2018

Килибарот е фосилизирана смола од борови дрвја која што настанала пред 40 милиони години. Се смета дека има лековити својства како и многу позитивни влијанија врз нервниот и имуниот систем на луѓето, а уште од античко време се користи за изработка на накит. Килибарот може да се најде во повеќе бои со над 300 нијанси.

Денес најчесто килибарот се наоѓа во жолта боја која варира од светло жолта до портокалова и е најскапа на пазарот. И покрај ова, сепак најпозната и најпрепознатлива боја е “коњакот”. Како и другите бои коњакот има повеќе нијанси - од светло медова боја до темна коњак па дури и скоро цреша боја. Коњак бојата може да се најде како природна, но голем процент е всушност третиран жолт килибар со цел да се добие посакуваната боја. Треба да се знае дека овој процес на менување на бојата на килибарот е преку загревање и воопшто не ја намалува автентичноста на килибарот ниту пак влијае на неговите својства или квалитет.  

Скриено значење на коњак бојата

За оваа боја се верува дека има и скриено значење кое е поврзано со енергијата околу нас. Балтичкиот килибар со боја на коњак всушност е симбол на балансирана енергија. Оние кои ја носат оваа боја на килибар можат да ја почувствуваат позитивната енергија поврзана со монистрата, особено кога станува збор за спиритуалноста. Исто така постои верување и дека помага кај личности кои ја немаат пронајдено целта во својот живот.

Секако, надвор од овие верувања, неспорно е тоа дека Балтичкиот килибар има многу бенефити и помага во отстранување на разни болки, вклучувајќи главоболка и вкочанетост.

Доколку се одлучите да си купите вакво парче килибар имајте во предвид дека тие често, од естетски причини, се комбинирани со други бои, како и дека има неколку вида на килибар. Може да најдете сјаен (мазен килибар што сјае), полуполиран (и овој вид е мазен, но не е сјаен) и сиров (парчиња килибар кои воопшто не се обработени и изгледаат целосно природно).