Статии и Совети

Инсекти заробени во килибар

Додадена на: 16.02.2018

Водните коњчиња се несомнено меѓу најретките инсекти кои може да се пронајдат во килибар и досега се забелажани во неколку од балтичките и доминиканските килибари. Бројот на вилински коњчиња пронајдени во килибар може да се пресмета на една рака. Во ова парче килибар има прилично цело животно. Телото иако не е совршено, крилата се непроменети. Ова мора да е доста интересно за некој што ги познава инсектите. Воедно станува збор за Чиапански килибар што е околу 5 x 14,6 x 14 см и тежи 7 грама.

Ова е парче мексикански килибар од Чиапас во кој има вистинска коса. Парчето е големо и има голем број на инсекти, најчесто пчели. Косата е особено интересна. Се чини дека делови од ткивото се искинале кога биле заробени во смолата, можеби ДНК-та од цицачот сеуште е таму. 

Ова можеби е еден од најимпресивните плентхопери што некогаш сме ги виделе. Килибарот е голем, нешто повеќе од 5 см во должина и е многу јасен. Плентхоперот е малку над 25 см и има раширени крилја. Овие инсекти се од родот Хомоптера, кое пак припаѓа на семејството Ацхилидае. Ова е само едно од оние парчиња што изгледат толку импресивно кога го држите во раката и ги гледате животните. Ако се интересирате за ваков тип на инсекти тогаш оваа е идеално за Вас.

Поради некоја причина лисјата заробени во килибар изгледат мошне интересно. Ова е чиапански килибар, многу е јасен и со одлична боја. Тежи 31 грам и е околу 5 x 2,5 x 2,54 см. Листот е долг околу 7см.

Беротхиаде се семејството на крилести инсекти од родот Невроптера. Тие се препознатливи по своите чипкасти крила. Ова семејството на крилсести инсекти првпат го именуваше Антон Хенлирш во 1906 година. Инаку е величествено парче на доминикански килибар со многу ретки лакавици. Многу тешко може да најдете од овие ретки инсекти во килибар.

Можеби си мислите дека ова е невозможно, но е многу возможено во килибарот да има голема стоногалка од класата Диплопода. Ова е најдобриот пример досега пронајден во килибар. Стоноглката се проценува дека е околу 1 сантиметар по должина. Парчето е исполнето и со други работи, како мала габа, многу ронки и неколку муви. Овој примерок од килибар е редок и скап.

Богомолките (или мантисите) се карактеризираат со издолжена градна комора (граден кош) и со глава која може да се врти дури 180 степени. Овие се толку ретки во килибар затоа се многу ценети од страна на колекционерите. Ова е прекрасно парче мексикански Чиапас килибар кој содржи мала богомолка. Тие ретко можат да се видат, а уште е поретка можноста да се видат прикажани во ваква величествена убавина. Килибарот е околу 5 cm x 3.81 x 8 cm. Многу е јасен и има една од најдобро сочуваните богомолки, исто така има парче од лист и мравка.

Оваа термит бубачка е  пронајдена во мексикански килибар, и воедно го претставува вториот познат фосил на семејството Хемиптера. Хипотезата е дека семејството Термитапхидидае е античко и ја имале населено Пангеа. Се претпоставува, дека термитамифидите се всушност високо модифицирани Арадидаде, веројатно дојдени од Мезирина. Фосилните термитафидиди се многу ретки во доминиканскот килибар досега се пронајдени и сочувани само 3. Ова е втор примерок од термитната буба што некогаш е најден во мексиканскиот килибар. Ова е парче е околу 4.45 cm долго и нешто повеќе од 2 cm широко, многу е јасно и импресивно.

Ефемеопертери имаат 2 или 3 долги како коса опаши и силни крила, додека задните крилја им се мали и заоблени. Возрасните не живеат повеќе од два дена. При преминот од нимфа до стадиум на возрасни, летаат над површината на водата за парење, но и за да се хранат. Тие го завршуваат процесот на парење и умираат по еден или два дена. Јајцата на мајката се поставуваат во вода и се изведуваат во рок од една или две недели. Фосилите од ефемероптера многу ретко се наоѓаат во килибар. Овој примерок е многу редок. Ефемероптерите имаат најкраток животен век од сите животни. Тие можат да поминат две до три години како нимфи ​​на дното на езерата и потоците, а потоа живеат само еден час како крилести возрасни инсекти. Псевдоскорпиите се многу мали и се потомци за скорпиите. Оваа псевдоскопија е со подигнати клешти кои се подигнати како за во битката. Во овој примерокот има и извиткан лист и мравка.

Ова не е особено големо парче, но не е и премногу мало. Јасноста на ова парче е досега ненадмината. Инсектот кој е содржан во ова парче килибар е од Хемиперте, ензикофалида. Станува збор за толку совршено парче на кое може се да се забележи како очите ја заокружуваат главата, а предните нозе се како кука. Сликите од оваа бубачка се навистина прекрасни.