Се препорачува кога ќе го добиете Вашиот килибар, да го изложите на сончева светлина на неколку минути за да се ослободи килибарната киселина. Ова не е клучен чекор, иако тоа помага да се добие непосредна корист од Вашето ѓерданче. Ако го прескокнете овој чекор, Вашиот килибар едноставно ќе се загрее на Вашата телесна температура.
Килибарот несмее да се третира со сапуни, детергенти, хлор, средства за чистење накит, парфеми, колонска вода, лак, гелови итн поради тоа што ќе се формира слој на килибарот кој може да биде траен, односно да не може да се отстрани. Отстранете го Вашиот килибар ако влегувате во вода (на пр. при пливање, туширање итн). Ако го заборавите, само исплакнете го со млака вода (никако не жешка!). Со употреба на сапун и други средства за чистење, се спречува килибарната киселина ефективно да се пренесе на кожата. Хемикалиите, како хлор на пример, покрај тоа што ги ослабнуваат лековитите својства на килибарот, предизвикуваат тој да биде и поподложен на оштетувања.
Килибарот не треба да биде во допир со парфеми. Секогаш нанесете го парфемот пред да го ставите накитот на Вас. Истото важи и за спрејови за коса. Доколку го попрскате килибарот со некое козметичко средство тој може засекогаш да го изгуби својот сјај.
Кога не се носи на кожата, килибарот треба да се чува во мека торбичка, не со друг накит за да не дојде до гребење и триење со други метали. Имајте во предвид дека килибарот иако е цврст, сепак е осетлив и кршлив па затоа избегнувајте контакт со остри предмети.
Кога не го носите Вашето парче килибар, внимавајте да не го оставите на директна сончева светлина. Килибарот може да се оштети доколку е изложен на многу топло или многу ладно.
Избегнувајте да го носите накитот кога готвите или чистите. Топлината од готвењето и хемикалиите кои се користат при чистење, можат да го оштетат килибарот.
Чистење на килибарот
Еднаш месечно измијте го Вашиот килибар во чинија со млака вода (по потреба може да користите и благ сапун, но ова не е препорачливо) и мека крпа, а потоа оставете го половина час на сонце за да ја апсорбира потребната топлина која ја ослободува сукцинската киселина. Секогаш после миење пребришете го и исполирајте го затоа што доколку го оставите да се исуши сам, тој може да стане многу матен.
Килибарот нема потреба да се заменува со нов се додека правилно се грижите за него.
Исчистете го Вашиот килибар правилно, преку неколку едноставни чекори:
1. Земете една чинија и во неа ставете вода. Водата нека биде топла, но не премногу. Несмее да биде жешка. Додадете неколку капки течен сапун за раце доколку имате потреба. Во овој случај промешајте за да се соединат водата и сапунот, но да не се создаде пена.
2. Земете нежна, чиста крпа. Кога се работи за килибар, најдобар избор е микрофибер или памучна крпа. Натопете ја во чинијата и исцедете ја така што крпата ќе остане влажна, а не мокра.
3. Со крпата избришете го парчето килибар, а веднаш потоа избришете го со чиста, сува крпа. Не го оставајте да се исуши сам. Доколку имате повеќе парчиња, исчистете го секое посебно.
4. Исполирајте го килибарот со маслиново масло. Ова не само што помага во отстранување на мрсни дамки туку исто така помага и при полирањето. Ставете мала количина маслиново масло на дланките и протријте го килибарот, а веднаш потоа пребришете го со чиста, сува крпа. Доколку во моментот немате маслиново масло, може да го замените со бадемово, а да го имате истиот ефект.