Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Килибарни ѓерданчиња за бебиња

Статии и Совети

Килибарни ѓерданчиња за бебиња

Додадена на: 15.02.2018

Килибарните производи се продаваат во локалните аптеки во многу европски земји вклучувајќи ги Полска, Швајцарија, Германија и Австрија, каде килибарот е почитуван по своите лековити својства со векови.

За бебињата најчесто се користат килибарни ѓерданчиња заради нивната практичност. Секое килибарно ѓерданче е направено од природен балтички килибар, рачно изработени од полски занаетчии со генерации на искуство, кои внимателно изработуваат килибарни монистра што се нежни и удобни за кожата на бебето. Ова овозможува максимален контакт со кожата. Во допир со човековата кожа, настанува ослободување на лековити масла кои им помагаат  на бебињата за лесно никнување на запчиња. Килибарот има и слабо аналгетско дејство, со што на природен начин се отстрануваат симптомите кои се јавуваат при никнување на заби: висока температура, болни и отечени непца, црвенило и сл.

Топчето во низата на секое килибарно ѓерданче е двојно заврзано, така што и да се скине, остатокот од топчињата нема да се растури. Ѓерданчето е прицврстено со затворач на навртување кој лесно се отвора и затвора. Килибарните ѓерданчиња се направени за да се носат, но не и за џвакање! Бидејќи бебињата се мали и се движат додека спијат, ѓерданчето треба да се отстрани кога детето спие или е без надзор од возрасен. Како безбедна алтернатива, бебето може да го носи ѓерданчето двојно завиткано околу зглоб или глужд за да продолжи да ги добива придобивките од килибарот во текот на ноќта.

Иако ѓерданчињата се најефективни во периодот на растење на заби, никогаш не е доцна да почнат да се користат, а секако децата можат да ги носат и до 3-4 годишна возраст.