Статии и Совети

Моќта на килибарот низ историјата

Додадена на: 14.02.2018

Во природата, смолата се користи од страна на самото дрво, како природен антибиотик или заштита од инфекција или повреда. Со векови се користи како природен лек за намалување на болката, брзо исцелување и за зајакнување на имунолошкиот систем на телото. Килибарот е во центарот на голем број научни студии кои јасно покажуваат дека неговите терапевтски својства се многу значајни.

Во моментов постојат две различни размислувања за тоа зошто допирот на килибар на кожата може да има смирувачки ефекти и на возрасните и на децата. Според едната теорија, кога се носи килибар на кожата, топлината на кожата ослободува минимални количини на лековити масла од килибар кои потоа се апсорбираат преку кожата во крвотокот.

Хипокрит (460-377 п.н.е) таткото на медицината, ги опишал лековитите својства и примена на килибарот кои подоцна се користеле од страна научниците до средниот век.

Во  стариот Рим килибарот се употребувал како лек од различни болести. Калистратус, познат лекар од тоа време, во своите записи напишал дека килибарот штити од лудило, дека килибарната прашина измешана со мед го лекува грлото, ушите и очите, а ако се испие со вода лекува болести на желудникот.

Римскиот правник и природонаучник Плиниј Помладиот пишува дека римските жени носеле килибарни ѓердани не само за украсување туку и како лек за “отечени жлезди и воспаление на грлото и непцата”.

Персискиот научник Ибн Сина (Авицена) го сметал килибарот за лек од многу болести. За лекување најмногу се користел бел килибар, а највреден се сметал зеленожолтиот како и тој со заробени инсекти. Во Кина “килибарниот сируп” – смеса од килибарна киселина со опиум се користел за смирување и како антиспазам.  Највреден килибар за јапонските цареви бил црвениот кој стимулирал регенерација на крвта и прочистување.

По раѓањето на Исус, килибарот се користел во црквите. Се оставал да гори во просториите каде се лекувале болни за да се дезинфицира воздухот, да се намали можноста од зарази и да се забрза оздравувањето.

Во средниот век килибарните ѓердани се носеле заради лекување на жолтица и се верувало дека волшебните својства на овој камен можат да го апсорбираат сето нездраво жолтило на кожата на болниот и да го зајакнат болното тело. Килибарните алки ја намалувале болката во зглобовите и мускулите. Термините Oleum succini (килибарно масло), Balsamum succini (килибарен балзам), Extractum succini (килибарен екстракт), често се користени во евиденциите и рецептите на алхемичарите во тоа време.

Килибарниот екстракт се користел за зајакнување на ослабениот организам на болниот, за подмачкување на рани и модрици. Маслото се користело за триење на болните делови на телото итн.

Прускиот војвода Албрехт следејќи ги рецептите на римските лекари, му испратил парче килибар на германскиот монах Мартин Лутер кој страдал од камен во бубрегот.  

Пред Втората Светска Војна килибарот често е користен за лекување па се сметало на пример дека тинктура од парче килибар измешана со вотка ја зголемува сексуалната потентност кај мажите. Во Литванија и царска Русија доилките морале да носат килибарни ѓердани за да се заштитат самите и бебињата од болести. Пред Втората Светска Војна особено во Германија, килибарните ќерданчиња многу се користеле за олеснување на бебето кога ги вади првите заби.

Добитникот на Нобелова награда, Роберт Кох, докажал дека килибарната киселина има многу позитивно влијание врз човековото тело.

Денес се смета дека килибарот може да не заштити од негативните влијанија на електричните апарати, како компјутери, телевизори, мобилни телефони и микробранови печки. Уште позачудувачки факт за килибарот е хемиското својство на смолата да дејствува како природен реагенс за балсамирање (сушење со анти-микробиолошки особини). Античките Египќани всушност користеле борова смола за балсамирање, а лекарите во војна, без било што друго, понекогаш ставале смола на раната како средство за дезинфекција.

Популарноста на килибарот се повеќе расте. Неговите состојки се користат во медицината, како адитиви во исхраната и во козметичката индустрија.