Што е балтички килибар?
Килибарот е фосилизирана смола која содржи "сукцинска киселина" која, со топлината на телото, се ослободува на кожата. Сукцинската киселина има анти-воспалителни и аналгетски својства. За новородено бебе, ова значи олеснување на болката и намалување на воспалението на непцата, подобрување на имунитетот како и намалено лигавење.
Како можам да добивам најголема терапевтска вредност од килибарот?
За да се добие што е можно повеќе од терапевтска вредност на килибарот, бебето треба да го носи ѓерданчето колку што е можно повеќе во текот на денот, се со цел килибарот да е што повеќе во допир со кожата. Не се препорачува бебето да го носи во кревет, или додека не се надгледува.
Може ли моето бебе да го носи килибарот додека спие?
Треба да го отстраните ѓерданчетo секогаш кога детето не е надгледувано, вклучувајќи ги дремките или спиењето. За да се извлече максимална корист од килибарното ѓерданче може да се носи двојно околу глуждот на бебето додека спие. Не дозволувајте килибарот да биде достапен за детето да го гризе и тегне.
Дали има било какви безбедносни карактеристики на килибарниот накит?
Да, секое топче е обезбедено поединечно на низата. Ова осигурува дека во случај ѓерданот да се скине, ќе се ослободи само едно топче килибар. Сите топчиња што се користат во накитот за бебиња се помали од грашок, за да биде безбедно во случај да се голтнат ако се скине ѓерданчето. Затворачот од задниот дел не е метален туку е изработен од пластика, за да може да се отвара и затвара со лесно одвртување.
Како да знам дека добивам вистински килибар?
Треба да го познавате вашиот добавувач, секогаш барајте да ви дадат сертификат за килибарот. Секогаш имајте до знаење, дека килибарот е полу-скапоцен камен, и не се продаваат по пазарна цена. Значи, ако добиете понуда за килибар по ниска цена, размислете двапати. Проверете го вашиот добавувач. Трговците со килибар имаат тенденција да продаваат во одбран круг на редовни клиенти.
Како можам мојот накит од килибар да го задржам во добра форма?
Можете да се грижите за накитот од килибар чистејќи го со свежа чиста топла вода и сушење со мека крпа. Запомнете да не користите хемиски средства за чистење, бидејќи така се оштетува килибарот. Чувајте го во мека крпа подалеку од парчиња накит.
Дали килибарното ѓерданче има рок на траење?
Ако правилно се грижите за него, килибарот може да трае вечно. Килибарот може да биде кршлив и топчињата може да се скршат, но со соодветна грижа може да трае со години. На површината на топчињата често имаат тенденција да се обложени со сапунест слој и други супстанции кои ја оневозможуват неговата способност за ослободување на сукцинска киселина во вашата кожа. Ако се сомневате дека веќе не работи и веќе сте се обиделе да го исчистите, можеби е време за нов.
Притоа важно е да знаете дека вашиот килибар е жив. Камењата сè уште дишат и се во интеракција со околината. Бојата може да се смени со текот на времето - ова е очекуван ефект и придонесува за уникатната, интензивно индивидуална природа на килибарот. Секое парче килибар старее поинаку.
Колку време е потребно за да почне да дејствува килибарот?
Ефектите од накит од килибар можат да се забележат во рамките на неколку часа. Меѓутоа, бидејќи секое дете е различно, може да потрае и до 1-2 недели за другите. Покрај тоа, колку е поголемо телото и степенот на проблемот, толку подолго може да потрае да се види разликата. Исто како да земате додаток во исхраната, нема да почувствувате непосреден ефект.
Дали бојата прави разлика во неговото дејство?
Бојата не прави никаква разлика. Килибарот ја добива својата боја или природно од органски материјали кои беа заробени во смолата или пак кога се обработува, при греење и ладење доаѓа до промена на боите. Она што е важно кај килибарот е суцинската киселина која ја содржи, а количината од истата во секое парче килибар не се разликува според бојата.
Суровите, неполирани ѓердани од килибар ќе ја пренесат побрзо сукцинска киселина. Но затоа пак, топчињата се груби и можат да бидат непријатни за носење. Полу-полираните ѓердани се удобни и имаат поголеми и многу повеќе отворени пори од оние ѓердание кои се многу исполирани.
Од која возраст е препорачливо да се носи килибарното ѓерданче?
Самиот килибар може да се користи на било која возраст. Додека килибарното ѓерданчето може да го носат новороденчиња од 8-ма недела па натаму, односно веднаш штом бебето почнува да цица или покажува знаци на болка или непријатност од избивањето на запчињата.
До кога треба да се носи килибарното ѓерданче?
Килибарните ѓерданчиња се специјално дизајнирани за употреба на бебиња и затоа се екстремно издржливи. Но сепак трајноста најмногу зависи од тоа како се грижите за ѓерданчето. Тоа може да стане кршливо и избледено со текот на времето, особено ако е изложено на сапуни и креми, парфеми, хлор или топлина. Со вистинска грижа, еден ѓердан ќе трае и ќе стане вистинско наследство кое може да се пренесува во семејството.
Дали има ефект кај возрасните?
Килибарот е хомеопатски производ кој се користи стотици години. Како извор на традиционално лекување кое се пренесувало низ генерации, килибарниот ѓердан за запчиња се издвојува како неспоредлив пример за алтернативна медицина со докажани здравствени придобивки за хомеопатски олеснувања. Килибарот може да им помогне и на возрасните при разни болки како што се главоболки, ревматизам, несоница, проблеми со тироидната жлезда, проблеми со грлото, проблеми со ушите.
Како килибарното ѓерданче помага при вадење заби?
Килибарното ѓерданче помага при: зајакнување на имунолошкиот систем, го намалува воспалението (особено кај непцата), забрзување на процесот на природно лекување, обезбедува смирувачки ефекти без употреба на лекови, познато е дека помага при третирање на непријатности поврзани со иритација на грлото, увото и стомакот, како и треска и настинки.
Кој работи со Килибар?
Антивоспалителните и терапевтските својства на килибар се исто така познати и со алопатична медицина. Во Австрија, Швајцарија и Германија, килибарните ѓерданчиња се продаваат во локалните аптеки, бидејќи лекарите веќе долго време знаат за лековитите својства на килибар, кои вклучуваат смирувачки, аналгетски, анти-воспалителни функции.
Зошто го има во различни бои и форми?
Килибарот доаѓа од природата во голем број на бои од транспарентен па до црн. Ако е вистински балтички килибар, содржи 8% сукцинит и сите бои функционираат на ист начин. Доаѓа природно во различни големини и форми, па брз основа на тоа се оценуваат и категоризираат за да се направат различни производи. Изборот е чисто естетски. Бидејќи килибарот е природен, секој производ е уникатен и различен.