Статии и Совети
Остракоди во килибар
Додадена на: 06.11.2018

За првпат, во две парчиња балтички килибар се пронајдени Остракоди. Животните припаѓаат на слатководниот род Cyclocypris. Бидејќи балтичкиот килибар бил формиран во еоценско доба во јужна Скандинавија, возраста на примероците се проценува на 42-54 милиони години. Како водни организми, остракоди ретко се заробувани во килибар. Се претпоставува дека едниот примерок бил веќе мртов и исушен, па бил дувнат во лепливата смола од стеблото на кое бил, или бил измиен од дрвото поради високото ниво на поплавата, додека другиот веројатно бил заробен жив, веројатно за време на поплава. Поврзаните остатоци од фауна, вклучувајќи и други ракови, укажуваат на крајбрежна палеона средина со некои морски и слатководни влијанија.

На фотографиите е претставен првиот вид на ракче во бурмански килибар од перидот на креда (12,9 mm). Остракодите обично се мали (0,5-2 мм), со цврст капак и претставуваат одличен фосилен примерок , но тие ретко се сретнуваат во килибар. Досега, само неколку примероци од не-морски остракоди се пријавени во килибар, но со делумно зачувани меки делови. Во килибарот исто така може да се забележи дека има и парчиња од шумските површини по остатоците од пајаци и инсекти.

Остракоди се водени микроорганизми, со варовна, двочерупна школка што може да го опфати целото тело и сите додатоци. Неколку остракоди од мезозојскиот период до неодамнешните таксони се поголеми од 3 мм и се нарекуваат "гигантски" остракоди, како што е, на пример, животинскиот планктонски род Gigantocypris (подкласа Myodocopa, до околу 30 мм) или не-морскиот род Megalocypris (подкласа Podocopa, 5-8 милиметри во големина).

Слика бр. 1 Остракод заробен во килибар

Денес остракодите живеат во речиси сите водни средини на сите длабочини. Во модерните живеалишта спаѓаат и морските и не-морските води, кои се протегаат и вклучуваат водоносни и топли извори: некои видови се дури и прилагодени на полуземјени живеалишта, како што се отпадоци од шумски лисја или живот помеѓу наносни зрна.

Неодамна е   пронајден женски примерок, но од нов вид и друг род. Cypria kempfi, бил пронајден во друг локалитет кој содржи среден или горен еоценски балтички килибар од североисточна Германија. Заклучоците донесени од примерокот заробен во балтичкиот килибар биле дека се работи за слатководни таксони и се сметало дека биле заробени од смолата на дрва четинари кои припаѓаат на Pinaceae, Sciadopityaceae или Araucariaceae, кои живеат во умерени до суптропски клими кои се со силно водно влијание.

Остракод, исто така, е пронајден во килибари во близина на Чиапас, Мексико. Материјалот од овој депозит вклучува повеќе од 500 примероци, во кои доминираат видовите на соларниот воден род Thalassocypria и други таксони од племето Thalassocypridini, од кои 262 примероци неодамна биле анализирани и детално опишани. Овие остракоди се поврзани со други водни ракови, како што се амфиподи, изоподи и танаидидс: детален опис и анализа на овие склопови сеуште се чекаат. Се верува дека мексиканскиот килибар бил произведен во Химене, ангиосперм кој бил дел од мангрова шума во тропски суви услови. Надвор од неколкуте податоци за еоценските не-морски примероци од балтичкиот килибар, како и многу миоценски примероци, вклучувајќи ги соканските таксони, во моментов нема податоци за морските или солено морски остракоди, и ниту еден од Мезозојскиот период.