Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Процес на настанување на килибарот

Статии и Совети

Процес на настанување на килибарот

Додадена на: 16.02.2018

Килибарот не е ниту кристал, ниту минерал,  тоа е смола од праисториски дрва. Започнало како смола која се излачувала за да лекува рана, односно смолата го заштитувала дрвото од извесна смрт правејќи леплива заштитна бариера против габичната инфекција. Кога дрвата паднале и почнале да се распаѓаaт останалa само смолата. Затрупанa под слоеви на вегетација, земја, а понекогаш и вода, смолата продолжувала да се зацврстува под притисокот и топлината што природно се создавала во такви услови. Оваа фосилизирана смола е последниот производ од милиони години бавна обработка.

Во продолжение Ви претставуваме едно сценарио од процесот на создавање на килибар со заробен инсект од пред милиони години:

Мува слетува на гранка на дрво во област која сега е Балтичкото Море. Додека бара храна зачекорува во леплив сок, што дрвото го прави за да се заштити од габична инфекција. Додека мувата се борби за да избега, станува се позаглавена во сокот додека не биде целосно заглавена и се задушува. По некое време дрвото се суши и паѓа во мочуришната вода од која израснало. Во текот на милиони години дрвото станува јаглен, а сокот со мувата внатре е полимеризиран и се стврднал во килибар. Како што поминува повеќе време со зголемување на нивото на морето, јагленот се потопува. Постепено, струјата го открива јагленот, кога ерозијата ќе стигне до килибарот, тој испловува на површината, бидејќи е полесен од солената вода. За на крај да биде исфрлен на брегот каде може да се најде.

 

Слика бр. 1 Мува заробена во килибар

Лепливиот сок, а потоа фосилната смола често пати истовремено содржат остатоцити од растенија и животински делови. Таквите примероци им овозможиле на научниците да утврдат дека килибарот е произведен од четинари и листопадни дрвја.

Како и другите минерали и карпи, овој фосил е краен резултат од бавен процес кој создава и други фосилни форми. Ако излачувањата се многу млади или неразвиени, тие едноставно може да бидат стврднати смоли. Копалот е следната фаза на развој. Kопалот може да биде голем и исто така може да има остатоци од инсекти или мали морски животни. Но, копалот обично не е толку јасен како вистинскиот килибар и може да се третира за да се надминат некои од овие несовршености.