Warning: session_start(): Cannot start session when headers already sent in /home/travelg1/public_html/beautyshop/inc/vars.php on line 2
Заробени во времето: Најстарите фосили најдени во килибар (втор дел)

Статии и Совети

Заробени во времето: Најстарите фосили најдени во килибар (втор дел)

Додадена на: 16.02.2018

1. Растенија, стари 99 милиони години 

Една од најчудните работи пронајдени во килибар е моментот на оплодување помеѓу две цвеќиња. Растенијата кои се од видот Микропетасос бурменсис се откриени во парче килибар во долината Хукаунг, Мјанмар, а датираат од пред 99 милиони години. Др. Поинар објаснува дека цвеќињата прават нешто многу слично на денешните цвеќиња односно се оплодуваат преку поленот. Иако претходно биле најдени и машки и женски делови за оплодување, ова е првиот фосил во кој тие се најдени заедно баш во таков момент.

 

2. Опашка од диносаурус, стара 99 милиони години 

На задоволство на научниците, овој неверојатен пронајдок од пред 99 милиони години е прекриен со пердуви. Опашката од 99 милиони стар диносаурус, заедно со коските, мекото ткиво, дури и пердувите, се пронајдени зачувани во килибар, според извештајот објавен на 8 декември во дневникот Current Biology. Додека поединечни пердуви од ерата на диносаурусите се пронајдени, и докази за пердувести диносауруси се зачувани во фосилни отпечатоци, ова е прв пат како научниците се во можност јасно да ги поврзат добро сочуваните пердуви со диносаурус, и со тоа подобро да ја разберат еволуцијата и структурата на пердувите од диносаурус.

 

3. Пердуви од птици и диносауруси, стари 100 милиони години 

Откритието на пердуви во фосилизирана смола е едно од најневеројатните во последната декада. Се на се, дури 11 вида се откриени во Канадски депозит на килибар кој датира од Доцното Кредено доба или времето на диносаурусите. Пердувите се сочувани во силните и вулкански, полни со пепел, езерски седименити на Кина и откриваат не само еволутивни тајни на диносаурусите-птици туку и на останатите.

 

4. Најрана родителска грижа на инсектите, стара 100 милиони години 

Најраниот пример за инсект-мајка е откриен во Бурмански килибар дури од Раниот Креден период. Бурманскиот килибар, познат и како Бурмит, најчесто е најден во долината Хукаунг во Мјанмар. Поголемиот дел од овој килибар датира од истиот период, од пред 100 милиони години, што го прави еден од најстарите скапоцени килибари во светот, приближно од времето на диносаурусите.

Бубачката најдена во ова парче килибар е новооткриен вид и е наречена Ватхондара котејаи. Член е на тревопасни видови на инсекти кои постојат и денес и се хранат од растенија. Дури и денеска овие инсекти изгледаат исто и се однесуваат на ист начин. Женката Ватхондара најдена во килибарот е без крилја, исто како и денешните исти инсекти. Споени со нејзиното тело биле најдени и 60 јајца а мајката и нејзиното потомство биле заштитени со восочна обвивка. Може да се видат дури и веќе изведени бебиња кои останале заробени во килибарот. Вакво нешто воопшто не е честа појава, всушност многу ретко се случува да се пронајде животно со своето потомство во толку добро сочувана состојба како што е случајот со ова килибарно парче. Ова ја прави Ватхондарата скапоцена реткост меѓу фосилите и остатоците од сите времиња.

 

5. Пајак како напаѓа оса, стар 100 милиони години 

Предаторство кај копнени членконоги не е ретка појава па така и во килибарни парчиња доста често се наоѓаат вакви глетки. Во ова парче се работи за пајак кој нападнал оса. Осата очигледно се заплеткала во мрежата на пајакот со оглед на тоа дека биле најдени дури 15 нишки од свила во просторот меѓу двата инсекти. Килибарот бил исто така најден во долината  Хукаунг во Мјанмар и потекнува од пред 100 милиони години.

Др. Џорџ Поинар го има истражувано ова парче и своето откритие го објавил во научниот весник Историска Биологијa во октомври 2012 година. Тој вели дека иако често се наоѓаат пајаци со своите пленови во килибар, ова е единственото парче во кое пајакот активно го напаѓа пленот односно осата. Според научниот тим, осата припаѓа на паразитски род кој постои и денес. Се работи за Каскоскелио инкасус, член на фамилија оси кој ги заразува јајцата и младите пајаци, додека пајакот е од видот наречен Гератонефила бурманика.

 

6. Прв предок на камелеоните и геко гуштерите, стари 100 милиони години 

Бурмескиот килибар изненадува со неверојатните пронајдоци. Овој пат тоа се гуштери кои многу добро се сочувани. Станува збор за дури 12 гуштери вкупно. Килибарот е најден во Хукаунг рудникот за килибар пред многу години, но дури сега подлегнува на посериозни анализи, а датира од пред 100 милиони години. Гуштерите секако не се од еден вид, но се одлично сочувани што ја олеснува анализата и истражувањето за нив.

 

7. Најстар фосил која некогаш е зачуван во килибар, стар дури 230 милиони години 

Доломитските Алпи во североисточна Италија откриле многу капки од килибар, секоја помеѓу 2 и 6 милиметри во должина. Тимот кој ги истражувал килибарните парчиња открил некои од најстарите артроподи (членконоги) заробени во смолата. Најдени се два рода во капките, и двата жолчни грини. Ова, самото по себе, е изненадувачко. Денес, ваквите грини претежно се хранат од растенија кои цветаат, а сепак грините најдени во килибар датираат од Триаското време, уште пред цвеќињата да еволуираат. Ова ги прави овие артроподи најстари фосили на сите времиња пронајдени во килибар кои останале заробени во смолата дури 230 милиони години.

Доколку ги пропуштивте "помладитe" инсекти, можете да ги видите тука